Глобална недела на претприемништво

Bez autora
Nov 14 2010

Нашите луѓе најчесто сакаат да се вработуваат во државниот сектор, јавната администрација или во добро развиени приватни фирми, наместо да отвораат сопствени бизниси. Претприемништвото има токму таква тенденција - да се стимулира и поддржи секоја добра бизнис-идеја до нејзина практична реализација преку избегнување или минимизирање на ризиците. Ова беше истакнато по повод претстојната Глобална недела на претприемништвото што ќе се одржува од 15-ти до 21-ви овој месец. Една од целите на оваа манифестација е да се приближи претприемништвото до младите луѓе и да се стимулира претприемачкиот дух. Креирањето успешен македонски бренд, улогата на жените во развојот на претприемништвото, корпоративната одговорност на компаниите и ширењето култура на антикоруптивно однесување меѓу младите претприемачи ќе бидат во фокусот на настанот.

Глобална недела на претприемништвоНашите луѓе најчесто сакаат да се вработуваат во државниот сектор, јавната администрација или во добро развиени приватни фирми, наместо да отвораат сопствени бизниси.

Претприемништвото има токму таква тенденција - да се стимулира и поддржи секоја добра бизнис-идеја до нејзина практична реализација преку избегнување или минимизирање на ризиците. Ова беше истакнато по повод претстојната Глобална недела на претприемништвото што ќе се одржува од 15-ти до 21-ви овој месец.

- Една од целите на оваа манифестација е да се приближи претприемништвото до младите луѓе и да се стимулира претприемачкиот дух - рече Наташа Петкова од ПСМ Фондацијата.

Креирањето успешен македонски бренд, улогата на жените во развојот на претприемништвото, корпоративната одговорност на компаниите и ширењето култура на антикоруптивно однесување меѓу младите претприемачи ќе бидат во фокусот на настанот. Глобалната недела на претприемништвото годинава ќе се одржува во 88 земји од светот меѓу кои и Македонија. Ќе бидат опфатени околу 7,5 милиони млади луѓе. Овој настан како глобален се организира од 2004 година, а кај нас по третпат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik